петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ристовска: За жал, имавме лош старт против Франција

Ристовска: За жал, имавме лош старт против Франција

Во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје денес доминираше актуелниот олимписки шампион Франција која што во прелиминарната фаза покажува зошто е еден од фаворитите за освојување на медал.

Една од најискусните во нашата селекција, десното крило Сара Ристовска жали поради лошиот старт што го имаа нејзините репрезентативни колешки.

– За жал, го почнавме натпреварот многу лошо, со многу технички грешки. Кога го постигнавме првиот гол, тоа беше како огромен момент за нас. Доколку продолжиме така, ќе биде сè подобро и подобро за нас – рече Ристовска по мечот.