петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Трагедија на рели во Белгија, автомобил влета во публика

Трагедија на рели во Белгија, автомобил влета во публика

Белгиското рели Кондроз-Хуј во близина на градот Ванз ќе се памети по трагедијата која се случи Еден од возачите загуби контрола над возилото, излета од патеката и удри во група гледачи.

Емерик Рари и Фанрис Анри беа во Шкода Фабија Р5 кога излетаа од патеката, удрија во едно мало ѕидче, а потоа автомобилот влета директно во група гледачи кои стоеле на место кое не било наменето за гледачи.

Во несреќата загинаа 16-годишан девојка и 18-годишно момче, додека повредени се уште 11 луѓе. Ниту еден од повредените не е во критична состојба. Возачот и совозачот истотака завршија во болница на прегледи, но не се потешко повредени, а треба да дадат и изјава пред полицијата.

Се верува дека несреќата се случила поради лошите временски услови и лизгавата патека. На крајот автомобилот завршил во дворот на една куќа.

„Автомобилот удри во мал ѕид, потоа се преврти на страна и удри во група гледачи кои стоеја на место кое е забранета зона“, соопштија организаторите.