Втор противник на Македонија на Европското првенство ќе биде поранешниот светски првак Холандија.
Селекторот на „лалињата“, Пер Јохансон, не очекува лесна задача против еден од трите домаќини на ЕП.
-Ќе имаме тежок натпревар против Македонија. Тие се домаќини на ЕП, но верувам дека и покрај високиот пораз од Франција, против нас ќе се борат и ќе го дадат последниот атом од силите. Ќе се обидат да не победат, истакна Јохансон.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.