петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Музиката ми го спаси животот“, Еминем призна дека бил на работ на смртта во 2007 година поради дрога

„Музиката ми го спаси животот“, Еминем призна дека бил на работ на смртта во 2007 година поради дрога

Еминем во септември откри дека му требало долго време за неговиот мозок повторно да почне да работи по неговото предозирање во декември 2007 година.

Сега тој отворено призна дека тогаш бил на работ на смртта поради предозирање со метадон, како и дека музиката „му го спасила животот“. Ова го изјави при неговото примање во Куќата на славните.

Раперот (50) ја замолил својата ќерка Хејли Џејд Матерс (26) да ги прекрие ушите додека зборувал за својата зависност и признал дека ја сметал „дрогата за вкусна“.

-Сфаќам каква чест е токму сега да се биде овде горе вечерва и каква привилегија е да ја правам музиката што ја сакам. Музиката всушност ми го спаси животот… Ќе го направам ова колку што е можно побезболно, пелтечам и пелтечам. Веројатно не би требало да бидам овде вечерва поради неколку причини. За малку ќе умрев од предозирање во 2007 година. Хејли, прекри ги ушите. Затоа што дрогата беше вкусна. Мислев дека правам добра работа, но морав да го средам сето тоа, вели раперот чие вистинско име е Маршал Метерс.

Раперот се бореше со зависноста од лекови кога беше хоспитализиран во декември 2007 година. Откако се предозирал со метадон замина на рехабилитација.

Тој претходно призна дека неговата зависност од Викодин, Валиум, Амбиен и метадон започнала додека го снимал полуавтобиографскиот филм 8 милји од 2002 година.

Најнови вести