петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп – слободните припадници на овој знак ги очекува нова љубов, а особено еден знак да се подготви за ова!

Неделен хороскоп – слободните припадници на овој знак ги очекува нова љубов, а особено еден знак да се подготви за ова!

Овен

Сонцето, Меркур и Венера во вашата осма куќа, одговорни за приходите и трошоците, ќе ве поттигнат да размислувате за големи инвестиции. Сепак, бидете внимателни со таквите постапки. Оние Овни кои се во врска ќе се соочат со потенцијални конфликтни ситуации. Најдете компромис, не создавајте ѕид околу себе. Искрениот разговор со партнерот ќе ги отфрли вашите сомнежи. Оние кои се слободни – постои веројатност дека ќе влезете во многу страсна врска. Концентрацијата значително ќе ви се подобри, а ќе имате и доволно енергија.

Бик

Вие се наоѓате во период во којшто ќе се соочите со бројни предизвици. Постои голема веројатност дека ќе се разочарате од вашите колеги и деловни партнери. Но, вие ќе постигнете сѐ со голема упорност. Престанете да бидете доминантни и своеглави, тоа нема да ѝ се допадне на личноста која ви значи. Ќе бидат можни разни непријатности, особено во оние моменти кога ќе сакате да се покажете во најдобро светло. Во споредба со минатата недела, Биковите оваа недела ќе бидат порасположени.

Близнаци

Обрнете внимание на промените коишто ќе се случат во вашата работна средина. Поради нив, вие ќе треба да ја докажете вашата способност, но и професионалност. Гледајте на ова како совршена можност да покажете дека и те како знаете и умеете. Планетите ќе ви ја зголемат блискоста со партнерот, па затоа не барајте изговори кога саканата личност ќе посака да биде интимна со вас. Оние кои се слободни ќе имаат прилика да започнат прекрасна романса. Постои можност дека ќе ви се влоши здравјето, затоа не го одложувајте прегледот кај вашиот матичен лекар.

Рак

Големата работна енергија ќе ве принуди да работите и да се истакнете. Благодарение на вашата лична харизма и привлечност, ќе го отворите патот до успехот. Доколку вашата интиуција ви вели дека постои одреден проблем во партнерските односи, тогаш тоа е навистина така. Оние Ракови кои се самци, ќе запознаат личност која е многу успешна во своето работење. Вашата енергичност ќе биде на високо ниво, па затоа ќе го привлекувате вниманието на сите околу вас.

Лав

Ненадејните промени на работното место ќе направат да се чувствувате уморно. Не преземајте премногу одговорност. Повлечете се додека не дојдат „вашите пет минути“. Недовербата и неусогласените интереси на љубовно поле ќе кулминираат деновиве. Лавовите кои се во токсични врски ќе сфатат дека е време да стават крај на тие односи. Неповолното влијание на Меркур може да придонесе за пад на вашиот имунитет. Внимавајте на вашето здравје.

Девица

Кратко патување или средба со деловен партнер ќе ви донесе нови информации кои ќе ви послужат во иднина. Вие се наоѓате во одличен деловен период, па успехот нема да ве одмине. Верувајте во својата привлечност, вашата страст ќе биде неодолив магнет за спротивниот пол. Постои веројатност дека ќе почувствувате силна привлечност кон личност со неверојатна харизма. Ќе чувствувате вишок енергија, која би било добро да ја потрошите со спортски активности.

Вага

Бидете порешителни во постигнувањето на целите и воведете ред во работниот ден. Многумина од вас ќе ги подобрат приходите и ќе почнат да заработуваат подобро. Доброто расположение ќе придонесе за квалитетот и разновидноста на љубовниот живот на Вагата. Може да се случи длабоко да се заљубите и да заборавите на сѐ што ве повредило досега. Вечерните прошетки добро ќе ви дојдат за да се опуштите и смирите.

Скорпија

Ќе бидете одлични во комуникацијата на деловните состаноци, но и во учењето нови вештини. Малку дрскост не е на одмет, а бидејќи сте заштитени од планетите, можете да си го дозволите тоа. Без да се срамите, пристапете ѝ на личноста која ви се допаѓа. Оние кои се брак – разбудете ја заспаната љубовна страст. Ќе бидете полни со енергија, поради што постојано ќе бидете во движење. Ќе ги искористите убавите денови за пешачење или возење велосипед. Нема да имате поголеми здравствени проблеми, а психички ќе се чувствувате одлично.

Стрелец

Постои голема можност за озборувања и интриги во работната средина, затоа внимавајте кому му се доверувате и кому му верувате. Доколку сте незадоволни од љубовниот живот, вас ве очекуваат промени. Ќе ја прекинете лошата врска и ќе продолжите понатаму. Сѐ уште сте во чувствителен период бидејќи Марс сѐ уште има негативно влијание врз вашиот знак. Изложени сте на стрес, а најмногу ќе ве боли фактот што ќе бидете разочарани од некои луѓе.

Јарец

Ќе бидете одлични во деловните преговори и во сите ситуации каде што е потребна вештина и убедливост. Силно ќе ве привлекуваат образовани луѓе. Интересен, интелигентен соговорник, личност со која имате за што да разговарате и која има што да ве научи, би можела да го освои срцето на Јарецот. Оваа недела ќе се чувствувате ослободено и полни со енергија. Сега е совршено време да се запишете на некоја интересна физичка активност и да се ослободите од вишокот килограми.

Водолија

Постои одредена дисхармонија во соработката со шефовите. Вие ќе чувствувате одреден отпор кон промените и новите околности на работното место. Обидете се да се прилагодите. Постои можност дека ќе се впуштите во некоја љубовна авантура или дека ќе влезете во тајна врска. Слободните Водолии ќе се сретнат со личност од минатото. Сакале или не, тоа ќе биде тест за вашите чувства кон неа. Ќе се чувствувате многу уморно.

Риби

Учењето странски јазици и полагањето испити ќе им донесе голем успех на Рибите. Време е да ја насочите вашата фантазија кон будење на заспаните страсти. Оние Риби кои се сами ги очекува возбуда и позитивна промена. Постои можност дека ќе запознаете личност која живее во странство. Вашето расположение ќе биде на високо ниво. Ќе се посветите на духовноста и медитацијата ќе ви помогне да се смирите.