петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Саздовска: Разочарана сум, жал ми е за публиката, ама од грешките секогаш се учи

Саздовска: Разочарана сум, жал ми е за публиката, ама од грешките секогаш се учи

По мечот со Холандија нашите ракометарки беа разочарани по поразот.Една од нов беше и Јована Саздовска.

-Искрено сум истрошена по овој натпревар. Многу ми е жал за публиката, многу ми е криво затоа што ваква поддршка немаме секој ден. Холандија имаат амбиции за финалната фаза, денеска немавме толку среќа, немавме дадено евтини голови. Противничките беа позрели од нас, не искористивме она што можевме во даден моент, имавме технички грешки. Од грешките секогаш се учи, глава горе, имаме уште еден натпревар со Романија, не се откажуваме, 60 минути се пред нас.Да се биде или не е тој меч, верувам во сите. Почнувајќи од себе јас сум  разочарана, не го искористуваме она што ни се пружа, многу зицери, техничи грешки, навистина ми е жал. Ама тоа е Холандија која има големи амбиции. Заморот и нивната техничка подготвеност, зрелоста беа пресудни, дефинитивно се покажува дека минутажата на вакви настани, односно кој колку искусил, сето тоа има фактор на крајниот резултат, -истакна Јована Саздовска која даде два гола на средбата во СЦ „Борис Трајковски“