четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски скокна за 115 позиции на АТП ранг листата

Калин Ивановски скокна за 115 позиции на АТП ранг листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно направи голем скок на АТП ранг листата.

Калин со добрата форма напредуваше за дури 115 позиции и сега е 635. тенисер во светот. За Клин ова е убедливо најдобриот пласман во кариерата. Со добрата форма со која игра од крајот на август досега тој напредувшае за 455. позиции и ако продолжи вака сигурно нема тука да застане.

Минатата недела беше дел од турнирот во Ерусалим на кој помина два противници и беше поразен во четвртфиналето. Подобар од Калин беше Даниел Цуклерман од Израел со 0:2 тој е 458. тенисер во светот.