петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Дабевска: Многу ми е тешко за поразот

Дабевска: Многу ми е тешко за поразот

По натпреварот, свое видување на поразот денес и турнирот сподели Сања Дабевска која беше најдобар стрелец на нашиот тим.

„Многу ми е тешко, јас сметам дека бевме поквалитетни, ама ја загубивме енергијата. Тие имаат поискусни замени, а ние далеку помлад тим. Жал ми е што на нашето враќање на големите собири по десетина години не успеавме да направиме резултат, но благодарна сум на публиката. Тие беа најдобри и нè бодреа до самиот крај. Ние го дадовме својот максимум, се боревме, ама за жал не успеавме“, изјави Дабевска.