недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По загубата на бебето се огласи и сопругот на Луна Џогани: 2021 направивме се и сешто, па 2022 ни одржа лекција…

По загубата на бебето се огласи и сопругот на Луна Џогани: 2021 направивме се и сешто, па 2022 ни одржа лекција…

Инфлуенсерката и пејачка Луна Џогани и Марко Миљковиќ го изгубија бебето, а по овој повод се огласи и Марко за српските медиуми.

-Добро сме, ќе го протуркаме и ова, рече тој.

Тие инаку на нивниот Јутјуб канал го објавија потресното видео каде откриваат детали за загубата на бебето.

-Се и сешто направивме во 2021 година, а 2022 дојде да ни пркоси, да ни докаже дека ништо не е идеално, вели Миљковиќ.

Луна во видеото вели дека го загубиле бебето во 12-тата недела од бременоста.

-Дознавме неколку дена порано, но не сакавме одма да зборуваме на таа тема, така требало да биде, некој вирус поминал низ мене, барем така докторката ни кажа. Знаат жените што поминале низ тоа, вели Џогани.

Вели дека била лошо и дека што влијае на мајката влијае и на плодот и дека не знаела дека е бремена во тој период кога била настината.

Најнови вести