недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски повика на претпазливост по најавата на Русите за повлекување

Зеленски повика на претпазливост по најавата на Русите за повлекување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на претпазливост и воздржаност по најавата на Русија за повлекување од Херсон.

– Се бориме да се пробиеме, а кога се борите, мора да сфатите дека секој чекор секогаш носи отпор од непријателот, тоа е секогаш загуба на животите на нашите херои, рече Зеленски.

Тој рече дека поради тоа мора да бидат многу внимателни, без емоции, без непотребен ризик.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руската наредба за евакуација на силите од западниот брег на реката Дњепар, во близина на градот Херсон, покажува дека Москва има реални проблеми со армијата.

Тој рече дека е интересно што Русија го чекаше крајот на американските избори за да ја објави таа одлука.

– Тоа е доказ за фактот дека тие имаат некои реални проблеми со руската армија, рече Бајден.

Тој додаде дека повлекувањето ќе им овозможи на завојуваните страни повторно да ги калибрираат своите позиции во текот на зимата, но останува да се види дали Украина е подготвена на компромиси со Русија.