вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал и Ѓоковиќ ќе бидат во различна група на завршниот Мастерс во Торино

Надал и Ѓоковиќ ќе бидат во различна група на завршниот Мастерс во Торино

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе бидат во различна група на завршниот Мастерс во Торино, одлучи денешната ждрепка на АТП.

Надал ќе биде во зелената група заедно со Каспер Руд, Феликс Ожер-Алиасим и Тејлор Фриц, кој влета на турнирот како замена за повредениот Карлос Алкарас.

Во црвената група покра Ѓоковиќ ќе настапат и Данил Медведев, Андреј Рубљов и Стефанос Циципас и на хартија ова е многу потешка група.

Надал ќе се обиде да дојде до прв трофеј на завршните Мастерси, додека барем по еден трофеј имаат освоено Ѓоковиќ, Медведев и Циципас.

Ако победи Србинот, тогаш за Ѓоковиќ тоа ќе значи израмнување на рекордот на Рожер Федерер од шест трофеи.