четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ЌЕ БИДАТ БЛАГОДАРНИ: Исчистена депонијата во с. Блатец, виничко

СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ЌЕ БИДАТ БЛАГОДАРНИ: Исчистена депонијата во с. Блатец, виничко

Кога се’ има визија и се’ сака тогаш сите предизвици може да се надминат. Градоначалникот на општина Виница е типичен пример на посветен човек кој што своите ветувања ги преточува во вистински плодотворни проекти кои што во огромна мера го подобруваат животот на граѓаните на Виница и тоа во сите населени места во општината.

Врз основа на неговите политички определби, програма за работа и заложбите на неговиот тим градоначалникот Миле Петков бескомпромисно влезе во борбата за обезбедување на чиста животна средина за жителите на Виница и поширокиот регион.

Депонијата во селото Блатец е веќе исчистена од страна на надлежните служби, а во сериозен прогрес е и постапката за чистење на депонијата во село Истибања.

Чистењето на овие депонии следува по третманот на депонијата во село Лески и на неколку други локации низа населените места во општината.

Ваквата посветеност за реализација на овие активности од страна на градоначалникот е сериозен мотив за граѓаните де се придружат на оваа кампања за справување со загадувањето во општината и соответен третман на отпадот од домаѓниствата,

-Депонијата во с.Блатец е исчистена, 3000м3 кубни отпад беше отстранет, просторот порамнет и наредниот период следува негово озеленување.

-Моментално се работи на отстранување на отпадот на дивата депонија во с.Истибања. Потоа исто така и овој простор ќе биде уреден и озеленет.”

-информираше денеска во јавност градоначалникот на Виница Миле Петков.

Извор: Брегалнички.мк