недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Не добивме покана од град Скопје за одбелжувањето на 13 Ноември

Стефковски: Не добивме покана од град Скопје за одбелжувањето на 13 Ноември

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук го честиташе 13 Ноември, Денот на ослободувањето на град Скопје.

Во честитката градоначалникот Стефковски информираше дека оваа година за прв пат општината нема делегација на официјалното одбележување, бидејќи не е доставена покана од градот Скопје.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Честит 13ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје.

Денес кога се одбележуваат 78 години од ослободувањето на главниот град на нашата татковина, наша должност е да оддадеме почит и да ги споменеме оние 426 борци кои ги положија своите животи и се вградија во слободата на Скопје.
Нивниот лик и дело, никогаш нема да бидат заборавени. Затоа што секоја жртва за Македонија се памети вечно.
За жал оваа година за прв пат по долги години, општина Гази Баба нема да има своја делегација на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје, бидејќи не добивме покана од градот Скопје.

Нека ни е честит 13ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје! – напиша Стефковски.