Пингпонгарите на ППК Телеком Нец 2 се есенски прваци во Суперлигата, додека Вардар и Прилеп ја завршија есенската полусезона на лидерските позиции во Првата и Втората лига во машка конкуренција.
Во Суперлигата, скопски Телеком Нец 2 ја обезбеди есенската титула со осум победи и едно реми и 17 бодови, идентично колку што освои и второпласираниот ППК Младост 96 од Прилеп.
Со две победи во завршните две есенски кола, пингпонгарите на ППК Вардар го задржаа водечкото место во Првата лига, пред битолска ППК Пелагонија и Телеком Нец од Скопје на третото место, додека во второлигашката конкуренција, ППК Прилеп е есенски првак со максимални пет победи, пред скопски ППК Студент и ППК Пелистер од Битола.
Резултати од завршните есенски кола одиграни изминатиот викенд:
Втора лига – мажи
Студент – Хепи 4:2
Студент – Саса 4:0
Патриоти – Хепи 2:4
Патриоти – Саса 2:4
Прва лига мажи
Резултати – 8 коло
Астраион – Радовиш 4:2
Вардар – Борец Тим 4:0
Дебар Маало – Телеком Нец 2:4
Кратово – Берово 2 1:4
Шуто Оризари – Пелагонија 0:4 (службена)
Резултати – 9 коло
Берово 2 – Дебар Маало 4:2
Борец Тим – Астраион 0:4
Пелагонија – Вардар 0:4
Радовиш – Кратово 4:1
Телеком Нец – Шуто Оризари 4:1
Супер лига
Резултати – 8 коло
Берово-Шампион ФА. 2-4
Кр. Паланка 2007-Кочани 4-2
Работнички-Младост96. 1-4
Кр.Паланка-Телеком Нец2 1-4
Рисови-Младост 0:4 (службена)
Резултати 9-то коло
Младост96-Кт.Паланка2007 4-1
Кочани Кр. Паланка 2-4
Младост-Работнички. 4-3
Телеком Нец2-Берово. 4-1
Шампиони ФА – Рисови (одложена).