среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

На сто Канаѓани им е забранет влез во Русија

На сто Канаѓани им е забранет влез во Русија

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека сто Канаѓани се додадени на листата на луѓе на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија.

На листата на кои им е забранет влез во Русија се и писателката Маргарет Атвуд, актерот Џим Кери и Ејми Најт, истакната историчарка која ја проучува историјата на КГБ.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека им се забранува влез на Канаѓаните кои се вмешани во „обликувањето на агресивно антирускиот курс“ на Канада. Исто така се наведува дека голем број од лицата на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со украински организации. (МИА)