Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер.
Тој не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок.
Според полските медиуми состанокот е свикан откако врз селото Пржеводов на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загина две лица.
Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.
На средбата со министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро присуствува и претседателот Анджеј Дуда.
Дел од полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Оваа вест не е официјално потврдена.
Неименуван висок американски претставник изјави дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон изјавија дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети. (МИА)