сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Руд се пласираше во полуфиналето и го елиминираше Надал на завршниот Мастерс

Руд се пласираше во полуфиналето и го елиминираше Надал на завршниот Мастерс

Каспер Руд втора година по ред ќе игра во полуфиналето на завршниот Мастерс, откако со победата над Тејлор Фриц си го обезбеди првото место во зелената група.

Без оглед на резултатите на последниот натпреварувачки ден од групната фаза, Руд ќе игра меѓу четирите најдобри и нема да мора да дава максимум, бидејќи во завршното коло ќе игра против тенисерот кој веќе испадна.

Сосема изненадувачки, тоа е Рафаел Надал, кој по првиот освоен сет на Руд денеска остана и без математички шанси за пласман во полуфиналето.

На тој начин, Надал остана без шанса да дојде до првото место на АТП листата, па како светски рекет број еден годината ќе ја заврши Карлос Алкарас кој поради повреда се повлече од завршниот Мастерс.

Што се однесува до мечот во Торино кој се играше вечерва, Руд победи со 6:3, 4:6 и 7:6, па во полуфиналето ќе игра со второрангираниот од Црвената група.