вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: СДСМ и ДУИ одбија четири клучни закони за помош за граѓаните

Стојаноски: СДСМ и ДУИ одбија четири клучни закони за помош за граѓаните

Парламентарното мнозинство повторно едно зборува, а сосема друго прави. Лицемерието на власта и колегите пратеници од мнозинството, како што видовте предмалку, доби уште една потврда. Имено, по двоиполчасовно доцнење, на денешната 91-ва пленарна седница, колегите од владејачката коалиција не гласаа за дневниот ред и ги одбија нашите предлог законски решенија кои се дел од пакетот мерки на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за справување со кризата. Ова се наши законски решенија со кои што навистина ќе се помогнеше на граѓаните и стопанството во време на инфлација, на тешка економска, социјална и енергетска криза која што владее во Република Македонија веќе подолг период, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Но, тие мислат поинаку. Тие не сакаат да помогнат на граѓаните и стопанството. Колегите пратеници од мнозинството денес повторно го одбија нашиот предлог за зголемување на средствата за субвенциониран оброк за студентите од 120 на 160 денари. Уште еднаш покажаа дека не се грижат за студентите и дека оној таканаречен договор од пред два дена беше само театар и ПиАр обид на власта за ќарување на евтини политички поени. Исто така, колегите од власта, денес го одбија нашиот Предлог закон за директна помош за граѓаните преку поврат на дел од ДДВ-то односно популарно наречен „Викенд без ДДВ“. За нас како пратеничка група е тотално нејасно зошто ова е неприфатливо за мнозинството, иако и самите знаат дека е одличен предлог за колку-толку да се ублажат последиците од кризата во која што тие не доведоа. По којзнае кој пат, пратениците од мнозинството денес одбија и не го прифатија нашиот Предлог закон за акцизите со кој што веднаш и драстично ќе се намалат високите цени на горивата. Одбивајќи го овој предлог, тие директно удираат врз џебот и семејниот буџет на граѓаните. Но очигледно, тоа нив не ги засега, вели стојаноски.

Тој истакнува дека и четвртиот Предлог закон кој што мнозинството денес го одби е Законот за личен доход односно одложување на прогресивното оданочување за кое што ние велиме дека воопшто не е време. Иако нивната даночна политика досега се покажа дека како катастрофална, тие упорно не отстапуваат од неа и не престануваат да го празнат џебот на граѓаните.

-Наместо власта, во овие тешки услови за живеење, кога инфлацијата е меѓу највисоките во Европа, кога цените на горивата се ултра високи и кога граѓаните и компаниите едвај врзуваат крај со крај, навистина и искрено да им помогне на граѓаните и стопанството, тие без око да им трепне одбиваат да ги слушнат потребите, барањата и проблемите на граѓаните. На крајот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, упатува силна порака до власта дека нема да отстапи од заложбите и борбата за подобар живот за сите граѓани и дека ќе продолжи да предлага законски решенија кои ќе значат олеснување на граѓаните во секојдневната борба со проблемите, рече Стојаноски.

Најнови вести