сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Поради новиот екстра данок, нарачките во Хрватска паѓаат и до 80 отсто

Поради новиот екстра данок, нарачките во Хрватска паѓаат и до 80 отсто

Апелот на хрватските работодавачи до Владата да седне со претприемачите наместо да се воведе данок на дополнителна добивка и да се разговара за мерките за ублажување на кризата привлече големо внимание, поради драматичните информации дека нарачките од хрватските компании во голема мера се стопирани во Германија, анализира Пословни дневник хр. Тие велат дека сценариото е исто со работните места во Австрија и Италија и другите европски земји.

„Се соочуваме со криза кај сите наши најголеми трговски партнери, а првите последици се веќе видливи во домашната економија. Нарачките се откажуваат во сите сектори, а особено е загрозена преработувачката индустрија, каде што некои членови бележат целосен прекин на нарачките. Истражувањето покажа дека нарачките се откажуваат од Германија, Австрија, Италија, Словенија, па дури и од Швајцарија. За следните шест месеци веќе се бележи пад на нарачките од 40 отсто, а има и примери каде падот е 80 отсто. Дел од членовите пријавуваат и целосно прекинување на нарачките“, се вели во одговорот од хрватското здружение на работодавачи.

Од Здружението објаснуваат дека овие податоци покажуваат дека засега не е време за експериментален данок бидејќи дополнително ја зголемува неизвесноста кај бизнис заедницата.