сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС

Кога Телеком, каде и државата преку владата е сопственик збори за непартизираност на институцијата, треба да одговорат дали истото соопштение го пишувале Нина Ангеловска поранешна министерка за финансии од владата на Заев, во време кога Ковачевски и беше заменик, а сега член на одборот на директори на Телеком, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Или пак тоа е пишувано од Зоран Китанов кој исто е член на одборот на директори на Телеком, а поранешен директор на Агенцијата за патишта. Или пак од Шкодране Дардишта која исто е член на одборот на директори на Телеком, а како кадар на ДУИ беше 12 годишен директор на службите на државна клиника и позната по заканите за етничка војна во државава. Или пак истото соопштение го пишувал Садула Дураку како сегашен член на одборот на директори на Телеком, а поранешен министер на ДУИ за животна средина. Ваквите автоголови на партизираното раководство на Телеком не се соодветно објаснување за аферата „Паразити“ и платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството на Телеком како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС, истакнуваат од опозициската партија.

Најнови вести