М-НАВ или Македонска навигација денес само ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги обелоденува во рамки на аферата „Паразити“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-М-НАВ потврди дека се земаат илјадници евра плати во ова државно регулаторно тело. М-НАВ има директор кој се именува на предлог на Владата, односно е државно регулаторно тело. М-НАВ се формираше со поделба на Агенцијата за цивилно воздухопловство во две тела, едно, М-НАВ кое е друштво во државна сопственост и друго, регулаторно тело кое остана како Агенција за цивилно воздухопловство. Или денеска М-НАВ ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ од аферата „Паразити“ дека функционери именувани од Владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
М-НАВ само потврди дека извршните директори Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно околу 266.000 денари, додаваат од таму.