четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Илиоски ќе се бори за злато, Варадинова со бронза на Европското кик бокс првенство

Илиоски ќе се бори за злато, Варадинова со бронза на Европското кик бокс првенство

На Европското првенство во кик бокс во сениорска конкуренција кое се одржува во Анталија, Турција, македонските натпреварувачи обезбедија два медали

Бобан Илиоски во категоријата до 86 килограми (лоу кик) во полуфиналната борба со 3:0 го совлада Борна Манојловиќ од Хрватска.

За златниот медал Илиоски ќе ги одмери силите со Христо Калајџиев од Бугарија. Претходно Илиоски славеше победи и над Мартин Лоренц од Чешка (3:0).

Кај жените Викторија Варадинова ја освои бронзата во категоријата до 65 килограми (кик лајт).

Во полуфиналето нашата натпреварувачка претрпе пораз од Николет Мезеи од Унгарија. Претходно триумфираше против Италијанката Иларија ди Цинито со резултат 2:1.