По освојувањето на златниот медал на ЕП во Анталија, Боби Илиевски изјави дека со овој успех му се отвораат патеките кон поголеми успеси во Кик боксот:
„Се чувствувам одличнo и многу сум срекен за освојувањето на златато и титулата европски првак. Не застанувам тука .За десетина дена со моите тренери на 03 декември одиме на пресметување турнир Сенши на предходно договорена профил борба против Едуард Алексијан од Бугарија а другата година одиме на освојување на светското злато. Да ги поздравам и ќе се забалагодарам на нашите навивачи Македонци кој во голем број дојдоа на трибините и ме подржаа со навивање.
Благодарам на мојата фамилија, моите тренери, клубски други и сајт кој ми помагаа подржуваа и храбреа. Благодарност исто така до агенцијата за спорт и младите до дир. Наумче Мојсовски и Македонскиот Олимписки Комитет до Претседател Даниел Димески кои секогаш ни се ветер во грб и од голема помош на нас спортистите во постигнувањето на врвните резултати. Да живее Македонија!