среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рикардо ќе биде резервен возач во Ред Бул

Рикардо ќе биде резервен возач во Ред Бул

Даниел Рикардо повторно ќе има ангажман со Ред Бул. По неколку сезони поминати во Рено и Мекларен, Рикардо се враќа во австрискиот тим. Австралеиецот ќе биде резервен возач во Ред Бул.

Еден од главните луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко, потврди за германски „Скај спорт“, дека Даниел Рикардо ќе биде резерва во Ред Бул следната година.

Поради лошите резултати во текот на оваа сезона, Рикардо го загуби местото во Мекларен за кој следната година ќе возат Ландо Норис и Оскар Пјастри.

„Рикардо ќе биде нашиот трет возач. Имаме многу спонзори и мораме да имаме специјални настани каде што некој треба да ги вози автомобилите. Секако дека е возач од висок калибар и најдобро е обучен за тоа“, изјави Хелмут Марко.