сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Каспер Руд ќе го предизвика Ѓоковиќ за титулата во Торино

Каспер Руд ќе го предизвика Ѓоковиќ за титулата во Торино

Каспер Руд со 6:4 и 6:2 го совлада Русинот Андреј Рубљов и в недела од 19.00 часот за титулата ќе игра против српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Норвежанецот во финишот од сезоната ја потврди фантастичната форма уште во групата. Првиот сет беше решен со брејкови за 3:2 и 5:2, а немаше многу неизвесност ни во вториот.

Руд двапати му го одзема сервисот на ривалот, поведе со 4:0, па 5:1, а Рубљов освои три врзани гемови и го натера противникот барем малку да се помачи до триумфот.Турнирот во Торино годдинава се игра за награден фонд од 14.750.000 долари