петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јованка Радичевиќ не можеше да ги задржи солзите, со бронза ја заврши репрезентативната кариера (ВИДЕО)

Јованка Радичевиќ не можеше да ги задржи солзите, со бронза ја заврши репрезентативната кариера (ВИДЕО)

Црногорската икона Јованка Радичевиќ се прости од дресот со националниот грб на Европското првенство што денеска го има последниот ден.

Дуелот со Франција, кој го доби Црна Гора со 27-25 дури по продолженија и го освои третото место, беше многу емотивен за Радичевиќ.

Таа не можеше да ги запре солзите во микс зоната во „Стожице Арена“ во Љубљана, ниту на пресот по натпреварот.

Десното крило кое мина пет сезони во дресот на Вардар, со бронза стави крај на богатата репрезентативна кариера.

Повеќе од 1.000 постигнати погодоци на околу 200 одиграни натпревари на ЕП, СП и ОИ, се само дел од достигннувањата на Радичевиќ.

Во колекцијата медали, Радичевиќ има и сребро од ЕП 2012, како и злато од ОИ истата година.