Морган Фримен вчера учествуваше на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Катар, а сите оние кои го следеа овој настан ја забележаа неговата ракавица на едната рака.
Многумина се интересираа за причината за ова, а медиумите потсетија дека славниот актер во 2008 година доживеа сообраќајна несреќа, по што левата рака му остана парализирана.
Оваа рака повеќе не е функционална, што значи дека е изложена на ризик од трајно отекување. За да се спречи оток, Фримен носи специјална ракавица за компресија.
– Знаете ли дека вообичаено мрдаме со тупаници по милион пати на ден, ја коментираше еднаш актерот својата здравствена состојба кога новинарите го прашаа за тоа.
Бидејќи сега тоа не е можно, неопходно е ракавицата да врши притисок за да се одржува протокот на крв и лимфниот проток во добра состојба. Ракавицата е дизајнирана во боја слична на неговата кожа, но сепак се забележува и тој тоа не го крие.
Учеството на Фримен на свеченото отворање во Катар беше проследено со разни коментари.