Собранието денеска напладне ќе ја продолжи 57. пленарна седница, а по неа треба да продолжи и 51. седница.
На дневен ред на 57. седница не е разгледан само Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
На 51. пленарна седница заостанати точки на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители, измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог на закон за адвокатурата и Предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители.
Претседателот на Собранието Талат Џафери претполаднево информира за закажување на овие седници, а во Парламентот тој исто така одржува координација со пратеничките групи.