четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски до артистите: Вие сте изиграни и изманупулирани од Владата, хонорарите донирајте ги во хуманитарни цели

Арсовски до артистите: Вие сте изиграни и изманупулирани од Владата, хонорарите донирајте ги во хуманитарни цели

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во Фејсбук статус напиша дека ситуацијата во Македонија во овој момент воопшто не е за славење.  Тој побара од артистите хонорарот кој го добиле од Владата да го донираат во хуманитарни цели.

Фејсбук статус на Димче Арсовски:

Драги музичари и уметници,
Со повеќето од Вас лично се познаваме и исклучително Ве почитувам и така ќе биде и понатака.

Во овој момент нема ништо за прослава во Македонија, тоа и Вие самите го знаете.

Имаме реални потреби и приоритети. Впрочем и самите споделувате по социјални мрежи разноразни постови каде што се собираат пари за лекување на деца, образување и слично.
Парите кои ќе се потрошат за оваа “голема” ништожна прослава подобро е да се наменат за други работи.
Има деца кои немаат основни услови за живот, има деца и луѓе на кои им се потребни огромен број на средства за лекување, има семејства кои немаат пари леб да јадат на дневна основа или немаат каде да живеат, има таленти спортисти кои немаат пари да отидат на натпревар.

Ситуацијава воопшто не ни е за славење. Знам дека се сложувате со мене и знам дека секојдневно сте погодени од било какви ситуации што чекаат помош.

Затоа почитувани Уметници, музичари, луѓе со големи срца. Бидете кул, бидете хумани и направете го вистинскиот потег, бидејќи Вие сте поважни и поголеми од политиката, донирајте ги парите на некој што му е потребно и покажете дека нечија среќа е поважна од било кој хонорар!

На крајот од денот кога сите Вие почитувани сте изиграни и изманипулирани од Владата, бидете поголеми и над сé и со донацијата покажете им дека Вие сте сепак луѓе кои се на страна на народот и не Ви е до славење.

Во спротивно се согласувате дека ситуацијата е идеална во државава.

П.С. Читам дека некои не знаат се уште дали ќе настапат, така да ако не настапат апсолутно ги поддржувам.

Најнови вести