вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маричиќ задоволен од билатералниот скрининг за Поглавје 24

Маричиќ задоволен од билатералниот скрининг за Поглавје 24

Во Брисел штотуку заврши првиот билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 24, „Право, слобода и безбедност“. Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, е задоволен од подготвеноста на македонскиот преговарачки тим и квалитетот на презентациите за усогласеноста со ЕУ законите и нивната имплементација.

„Интензивен, но успешен, прв ден од билатералниот скрининг за Поглавје 24. Македонскиот преговарачки тим денеска во Брисел го објасни нивото на усогласеност со законодавството на ЕУ и негова имплементација, низ 23 презентации на 5 теми, во областа на правдата, слободата и безбедноста.

Задоволен сум од нивната подготвеност, а и Европската комисија е. Приоритет на институциите и администрацијата останува исполнувањето на обврските од Поглавјата 23 и 24, со цел да одржиме добра динамика на преговарачкиот процеси и побрз напредок во реформската агенда“, пишува на својот Фејсбук профил вицепремиерот Маричиќ.

Утре македонскиот тим продолжува со презентирање на сите преземени активности и нивно спроведување во ова поглавје, кое е поделено на 12 подобласти: азил, миграција, визи, надворешни граници и правото на Шенген, борба против организираниот криминал, соработка во областа на дроги, борба против трговија со луѓе, борба против тероризам и радикализам, судска соработка и размена на информации, судска соработка во кривичната материја, полициска соработка и царинска соработка.

Најнови вести