понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Филип Миркуловски прв тренер на Вецлар

Филип Миркуловски прв тренер на Вецлар

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец Филип Миркуловски во наредниот период ќе ја има улогата на прв тренер на бундеслигашот Вецлар.

Миркуловски од стартот на сезонава беше прв асистент на тренерот Бенџамин Мацке, кој доби отказ од оваа функција.

Вецлар катастрофално ја почна сезоната во Бундес-лигата и моментно се наоѓа на 15. место, а по последниот пораз од Хамбург од 28-30 беше донесена и одлуката за смена на Мацке.

Миркуловски ќе ја има улогата на привремен тренер заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ, а Македонецот би можел да остане и нешто подолго од прогнозите откако раководството најави дека нема да брза со потрагата по нов стратег.

„Ја почнавме потрагата по нов тренер. Едно е сигурно, нема да брзаме со изборот, добро ќе го проучиме пазарот пред да донесеме конечна одлука“, објави менаџинг-директорот на Вецлар, Бјорн Сеип.