понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Хрватска оди на СП без половина репрезентација

Хрватска оди на СП без половина репрезентација

Марко Мамиќ и Давид Мандиќ ќе го пропуштат турнирот поради повреди, но тренерот на хрватската ракометна репрезентација  Хрвое Хорват има многу проблеми пред СП.

Имено, под знак прашалник е настапот на Иван Чупиќ, а Лука Циндриќ моментално е надвор од тренинзите во Барселона поради проблем со мускулот. Последната лоша вест за Хорват пристигна од Германија, а се работи за повредата на Халил Јагањец.

Рајн Некар Ловен викендов славеше во Ерланген 33:30, а на тој меч се повреди Јагањац.

„Засилувањето од Хрватска се здоби со една од најтешките повреди во борбата за топката. МНР скенирањето на дислоцираното рамо во понеделникот откри дека лигаментите и тетивите не се скинати или скршени. Следниот чекор ќе биде најдобриот можен третман за Јагањац да го залечи рамото. Во секој случај, тој нема да биде на теренот до крајот на годината, се вели во соопштенмието од таборот на „лавовите.“