вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 34 повредени при железничка несреќа во Египет

Најмалку 34 повредени при железничка несреќа во Египет

Најмалку 34 лица беа повредени денеска кога патнички воз излета од шините јужно од египетскиот главен град Каиро, соопшти Министерството за здравство на Египет.

Во соопштението се посочува дека на местото на несреќата биле упатени 25 амбулантни возила.

Според египетските медиуми, од шините излетале три вагони од возот, кој патувал кон јужната покраина Кена.

Причините за несреќата засега не се познати.

МИА