среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Направете си ја сами: Природна затоплувачка маска за вашите дланки

Направете си ја сами: Природна затоплувачка маска за вашите дланки

Во текот на зимата, температурите лесно ја сушат кожата, а тоа особено е видливо на горната страна на дланката.

Затоа, ако имате ваков проблем, задолжително е користењето на крема за раце. Исто така, некогаш ракавиците не се доволни за да ве загреат.

Ова е природен рецепт за домашна крем-маска за раце, која и ги негува и ги затоплува:

1/4 филџан (за кафе) ѓумбир во прав
Една лажица мелено каранфилче
1/4 филџан цимет
1/4 филџан маслиново масло
Еден филџан кокосово масло
2 капсули витамин Е
1/2 чаша глицерин

Подготовка:

На слаба пареа измешајте ги сите состојки додека убаво да се соединат. На крајот додадете го маслото од двете капсули витамин Е. Смесата претурете ја во тегличка.

Нанесувајте на чисти раце. Оставете да делува 30 минути, па исплакнете со вода и нанесете витаминска заштитна крема за раце.