среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Направете си домашни маски за сува коса

Направете си домашни маски за сува коса

Сувата, оштетената и фарбаната коса бара посебна нега, па ако купените производи не ви делуваат доволно хранливо, секогаш можете да се одлучите за некои домашно подготвени маски.

Овие маски се прават од состојки кои вообичаено ги имаме дома, не бараат многу работа, а жените ширум светот потврдуваат дека одлично функционираат.

Маска од путер

Едноставен производ за кој ви е потребна само една состојка – путер. Масленоста која ја содржи овој млечен производ, ќе направи вашата коса да изгледа поздраво, посјајно и поцврсто.

Нанесете мала количина путер по целата должина на косата, покријте ја со капа за туширање или со пластична фолија и оставете ја да отстои најмалку половина час.

Потоа, косата измијте ја и ставете го омилениот регенератор, па исплакнете ја.

Маслиново масло

За хидратација на косата, маслиновото масло е веројатно една од најдобрите состојки. Затоа и во многу маски и шампони кои ги купувате често е дел од состојките, иако е во мала количина.

Ако сакате дополнително да се погрижите за косата, само загрејте маслиново масло, но не дозволувајте да ви зоврие.

Топлото масло ставете го на коса, покријте го со фолија и оставете го да делува околу 45 минути, па измијте ја.

Плакнење со чај

Ако сакате оштетената коса повторно да го има стариот сјај, измијте ја со чај. По миењето на косата едноставно прелијте ја со свежо сварен и изладен чај.

Но, имајте предвид дека чајот може да влијае на бојата на коса, па за русокосите најдобар би бил чајот од камилица, а за бринетите, црниот чај.

Маска со јаболков оцет

Вратете ѝ го животот на сувата и испукана коса со едноставен домашен лек. Помешајте една лажичка јаболков оцет, две лажички маслиново масло и три белки. Сето тоа изматете го добро, па смесата нанесете ја на косата. Потоа покријте ја со пластична фолија, па измијте ја по еден час.

Шампон – омлет

Овој интересен рецепт можеби не звучи примамливо, но оние кои го пробале кажуваат дека е одличен . Измешајте малку шампон со едно јајце, па мешавината нанесете ја на мокра коса и истријте ја. Оставете ја да отстои пет минути, па измијте ја. Ова е одличен протеински третман за оштетената коса.

Поинакво хранливо масло

Маслиновото масло е одлично, но не мора да се плашите да експериментирате и со другите масла.

Некому можеби нема да му одговараат најдобро, но секако не можат да ви наштетат.

Во продавниците за здрава храна може да пронајдете масло од јојоба, бадеми или кокос. Сите три масла важат за одлични лекови за оштетената коса.

Пред нанесувањето на овие растителни масла, косата треба да биде благо навлажнета. Откако ќе го ставите маслото, покријте ја косата и оставете ја да делува околу 30 минути.

Маска од авокадо

Иако авокадото не е состојка која често се употребува дома, може лесно да ја најдете во некој од поголемите маркети.

За оваа маска, која важи за една од најпопуларните во светот, потребно ви е само едно зрело авокадо.

Едноставн, со виљушка или во блендер добро сомелете го, па нанесете го на косата. Исплакнете после 40 минути.