На Инстаграм настана вистински хаос кога луѓето забележаа дека се избришани сите објави на пејачката Џенифер Лопез. Латино дивата профилната слика ја замени со црна позадина, а многумина беа загрижени.
Иако луѓето мислеа дека некој и го хакнал профилот или дека нешто се случило, Лопез откри за што се работи.
Лопез ги затвори социјалните мрежи на 24 часа за да ја објави својата голема вест, објавувањето на „This Is Me…Now“, 20 години по објавувањето на „This Is Me…Then“.
Во краткото видео, Лопез ја рекреираше корицата на албумот од 2002 година, а потоа се трансформираше во нејзиниот сегашен лик, пишувајќи покрај објавата: „Ова сум јас тогаш, ова сум јас сега“.
Таа го опиша новиот албум како „хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении“.
Албумот содржи 13 песни.