Еден од носителите во таборот на хрватската репрезентација, десниот бек Иван Мартиновиќ, кој настапува за Мелсунген, во дуелот против Лајпциг заработи повреда на зглобот и на носилки беше изнесен од теренот, а во следниот период треба да се знае дали ќе може да им помогне на ,,коцкестите” на Мундијалот во Полска и Шведска.
Доколку Мартиновиќ го пропушти настапот на Светското првенство, тогаш Хорват на десната бековска позиција ќе ги има на располагање Шиме Ивиќ и Лука Шебетиќ, кои имаат репрезентативно искуство.
Мундијалот во Полска и Шведска ќе го пропуштат левиот бек Марко Мамиќ и левото крило Давид Мандиќ, а неизвесни се поранешниот член на Металург, Халил Јагањац, екс ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ и неговиот колега од Загреб, Владо Матановиќ.