петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓорческа ќе игра за нова титула во Грција

Ѓорческа ќе игра за нова титула во Грција

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Ираклион Грција.

Ѓорческа минатата недела го освои пехарот на ова место и сега ќе има шанса да стигне до нова титула. Денес во финалето Ѓорќеска беше подобра од Романката Мириам Бјанка Булгару со 2:0 во сетови.

Ова полуфинале беше реприза на минатонеделното финале, резултатот на крајот беше ист. Македонската тенисерска го доби мечот без изгубен сет со 6:4 и 7:5. Не дојде лесно до победата Ѓорческа, а тоа го покажуваат изедначениот број на вкупни поени (80:80).

Во финалето Ѓорческа ќе игра против петтата носителка Екатерина Макарова од Русија која е 260. тенисерка на ВТА листата.