понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СВР Битола: За брзо возење казнети возачи

СВР Битола: За брзо возење казнети возачи

Денеска (27.11.2022) во времето од 11:00-17:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 124 возачи. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 27 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.