сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Само оние кои останале без миленик можат да ја разберат: Нада Топчагиќ неутешна по смртта на кучето, еве што планира да направи – мета е на критики поради ОВА

Само оние кои останале без миленик можат да ја разберат: Нада Топчагиќ неутешна по смртта на кучето, еве што планира да направи – мета е на критики поради ОВА

Пејачката Нада Топчагиќ планира да одржи четириесетдневен помен за починатото куче Баџа, кое беше нејзино домашно милениче цели 15 години.

Имено, пејачката на 26-ти октомври објави на својот Фејсбук и Инстаграм профил каде јавно се прости од својот миленик кој почина од старост. Уште тогаш дел од јавноста остана зачудена што Нада се збогува со кучето како од човек, а сега отиде чекор понатаму, па сака да му приреди панихида.

Како што вели, иако помина повеќе од еден месец, се уште е неутешна и не се чувствува добро поради смртта на нејзиниот “најдобар пријател“. Бидејќи кучето го сметала за член на семејството, сака да го зачува и неговото сеќавање, но и да го споменува во своите молитви.

-Нека ми се смее естрадата, но планирам да одбележам 40 дена од смртта на мојот миленик. Не знам зошто е тоа чудно?! Тој беше член на семејството. Ќе одам кај што го закопавме, ќе запалам свеќа и ќе се помолам. По него нема да имам повеќе домашни миленици, изјавила Нада.

Најнови вести