Руските сили синоќа истрелаа четири проектили кон Дњепар, но нема повредени, информира шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Валентин Резниченко.
Тој изјави дека нападот предизвикал сериозна штета и оти избувнал пожар кој пожарникарите го изгаснале.
Според Резниченко, руските сили ја гаѓале областа Никопољ со повеќе ракетни фрлачи и тешка артилерија.