среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку еден загинат и 11 повредени во судир со израелската армија во Западен Брег

Најмалку еден загинат и 11 повредени во судир со израелската армија во Западен Брег

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека синоќа е убиен еден Палестинец, а 11 се повредени во окупираниот Западен Брег откако израелските сили отвориле оган.

Деветмина Палестинци се повредени од огнено оружје, а двајца од вдишување на солзавец.

Според официјалната Палестинска новинска агенција Вафа јави дека синоќа избиле судири помеѓу израелските сили и жителите на северниот град Хеброн.

Израелската армија соопшти дека војниците отвориле оган врз Палестинците кои пукале врз војниците, фрлале со камења и импровизирани експлозивни направи.

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемуваат со месеци поради израелските ноќни напади во окупираниот Западен Брег, откако палестинските милитанти убија 19 лица во нападите врз израелските градови оваа пролет. (МИА)