петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Полуфиналето во Мадрид меѓу Ѓоковиќ и Алкараз најдобар меч за 2022 година

Полуфиналето во Мадрид меѓу Ѓоковиќ и Алкараз најдобар меч за 2022 година

Полуфиналето на мечот од Мастерс серијара во Мадрид меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз е најдобар меч за 2022 година, по изборот на АТП.

Младиот шпански тенисер по голема битка го доби судирот со поискусниот Србин. Домашниот ас го загуби првиот тај-брејк, потоа возврати со 7-5, за на крај да го освои одлучувачкиот сет со идентичен резултат во тај-брејкот како на почетокот.

Алкараз одигра одлична година која ја заврши на првата позиција. Тој го искористи отсуството на Ѓоковиќ од неколку големи турнири за првпат да застане на врвот на светскиот тенис.