Катастарските услуги во време на СДС престанаа да се дигитализираат и да стануваат подостапни за граѓаните, ама затоа цените им поскапеа и до 500%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Електронскиот катастар со денови во месецот не работи, исто така и електронскиот шалтер од кој се добиваат празни фајлови, ДМС системот за електронско внатрешно работење не функционира, Мак едит системот по пропаднатите тендери за негови надградби практично не работи и Геодетските фирми имаат сериозни проблеми при изготвување на геодетските елаборати. Но не само геодетските фирми, од неспособноста и неодговорноста на кадрите на СДС страдаат и граѓаните и општините и компаниите и државните институции.
Агенцијата за Катастар до сега за 5 години потрошила 50 милиони евра пари од граѓаните, а никаква реформа не е направена. Очигледно поради недомаќинското работење Катастар е доведен до работ на ликвидност, па сега со новиот ценовник и поскапувањето финансиски ќе се спасува на грбот на граѓаните, стои во партиското соопштение и се додава:
„Да потсетиме дека владата на СДС и Ковачевски дозволи цените на услугите на Агенцијата за катастар неколку кратно да поскапат, па така на пример ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.
Власта на СДС безмилосно ги арчи парите на граѓаните, а кога ќе ја упропастат институцијата преминуваат кон поскапување. Тоа е рецептот за покривање на нивниот недомаќинлук, арамилук и неодговорност“.