Денеска околу 10 часот се запали трафостаница во Струмица на улицата „Ристо Ќурчиев“, на која е причинета материјална штета.
Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари. Тие го исгаснале пожарот откако од страна на ЕВН бил исклучен системот за напојување.
Пожарот бил брзо изгаснат и не е дозволено негово проширување.
Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.