сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорче Петров подготвена за снегот- Стојкоски одржа состанок со Кризниот штаб на општина

Ѓорче Петров подготвена за снегот- Стојкоски одржа состанок со Кризниот штаб на општина

Одржавме состанок на Кризниот штаб на општина Ѓорче Петров со акцент на снежните врнежи кои се најавуваат во периодот што следува. Делуваме навремено и плански. Сите вклучени страни се максимално подготвени. Залиха на сол веќе имаме подготвено, а ќе набавиме и доволна дополнителна количина, информира Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

-Годинава првпат располагаме и со сопствено возило за зимски услови кое ќе ни ја олесни постапката на расчистувње снег штом се јави потреба за тоа.

Полицијата во Ѓорче Петров веќе изготвува посебен план и ќе интервенира редовно, но и вонредно каде што има потреба.

Особено внимание ќе обрнеме на критичните точки, како што се мостот кон Даме Груев и патот кон Кучково.
Предвидена е 24-часовна дежурна служба на критичниот мост со цел превенција на евентуални сообраќајни незгоди.
Остануваме во редовна комуникација и со Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје, фирмата „Анизор“ (за зимско одржување) и месните и урбани заедници, пишува Стојкоски на Фејсбук.