Денес (01.12.2022) во 18:00 часот, во Ragusa360 – Rooftop, ќе започне младинската политичка конференција на тема „Западниот Балкан во контекст на безбедносните и економски предизвици предизвикани од кризата во Украина”.
Настанот е во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ЕДС (Европски демократски студенти) и фондацијата Конрад Аденауер.
Пред започнување на политичката конференција ќе бидат дадени изјави за медиуми на кои ќе се обратат:
- Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ;
- Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.