вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: „Херојски“ криминалната влада го намали индустриското производство за 5.3 %

Мицкоски: „Херојски“ криминалната влада го намали индустриското производство за 5.3 %

Нов пад на индустриското производство! Во Октомври 2022 година споредено со Октомври 2021 година, индустриското производство во Македонија се намалило за 5,3%. Неспособната и криминална влада, “херојски” со своите политики го намалила производството во секторот рударство и вадење на камен за цели 13,2%, намалувањето во преработувачката индустрија е 4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,2%, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада “херојски” си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Најнови вести