сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кралско одликување за тенисерката Ема Радукану

Кралско одликување за тенисерката Ема Радукану

Големо признание за британскиот тенис и за младата Ема Радукану. Од денес таа е член на Редот на Британската империја. Попладнево во замокот Виндзор, кралот Чарлс ѝ ја додели на Радукану наградата за тениски заслуги.

„Одлично  е што ја добив мојата чест од Неговото Височество Кралот – се чувствувам исклучително благодарна“, кратко изјави Радукану.

Минатата година Радукану го шокираше светот, освојувајќи го УС Опен, со што стана првата квалификантка која некогаш победила на Грен слем турнир.

Ова не е првпат Радукану да се сретне со член на британското кралско семејство. Во септември 2021 година, таа се појави на терените со Кејт Мидлтон. Истиот месец, присуствуваше на светската премиера на филмот „No Time To Die“ заедно со членовите на кралското семејство, вклучувајќи ги принцот Вилијам и кралот Чарлс.