недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џепар: Ова остана од украинскиот град Бахмут по руските напади (ВИДЕО)

Џепар: Ова остана од украинскиот град Бахмут по руските напади (ВИДЕО)

Првата заменичка министерка за надворешни работи на Украина, Емине Џепар вчера објави снимки од градот Бахмут, кој руските сили со недели се обидуваат да го освојат.

– Оваа остана од Бахмут. Руските варвари ја користат истата тактика што ја користеа во Марипољ, ако не можат да го заземат градот, со артилерија го претвораат во прав, наведе Џепар.

Претходно, британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија најверојатно планира да го опколи градот, што е лоциран во Доњецк, со тактичко напредување кон север и кон југ.

Според британското МО, заземањето на Бахмут би имало ограничена оперативна вредност, но потенцијално може да и овозможи на Русија да ги загрози Краматорск и Словјанск.